Македонија

Повторно 9 години затвор за Ѓоко Поповски во случајот “Триста”

Поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски, повторно доби деветгодишна казна затвор, откако Основниот суд Скопје 1 во повторена постапка го осуди за случајот „Триста“.

Поповски беше осуден на казна затвор од девет години на 22 мај лани, но Апелациониот суд ја укина пресудата и случајот го врати на повторно судење во Кривичниот суд.

Тој е обвинет дека злоупотребувајќи ја службената положба и овластување извршил набавка на 300 возила за МВР во периодот од 2008 до 2012 година и го оштетил буџетот на МВР за 453.570 евра.

На почеток