Македонија

Расте љубовта меѓу Заев и Груевски: Toj беше слободен човек, а Обвинителството не утврди вина за бегството

Премиерот Зоран Заев во интервју на ТВ 24 рече дека никој не одговарал за бегството на Никола Груевски затоа што за никого не била утврдена вина.

– Обвинителството имаше соопштение во кое кажа дека истрагата не потврдува докази за одредена вина за одредени ситуации. И тие тоа го потврдија. Не можете на слободен човек да му ја ограничите слободата со репресивни мерки за да оневозможите да бега. Секој граѓанин за нас е еднаков за нас. Тогаш сме можеле незаконски да го следиме, да го прислушуваме. Ако значи дека треба да поставиме војска на секој метар… Ако ЈО некаде покажеше и докажеше вина за бегството, јас ќе преземев мерки, ќе разрешев кој и да треба. Ако имало некој што е виновен и тоа е утврдено, немам причина да го штедам. Но никој ниту од обвинителството, ниту од никаде не покажа вина. Груевски беше слободен човек во тој момент, излегол од својот дом, излегол на автопатиштата и ја поминал границата преку Албанија – рече Заев.

На почеток