Македонија

Милевски: Европските либерали со едногласна поддршка за почеток за преговори со Македонија

Европските либерали со едногласна поддршка за почеток за преговори со Македонија

Процесот на проширување на ЕУ мора да продолжи, секоја земја мора индивидуално да се оценува, а веќе на првиот нареден состанок на Европскиот Совет на Македонија треба да и се определи датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ, без евентуалната промена на методологијата на преговорите да има влијание врз почетокот на преговорите. Тоа се заклучува во резолуцијата усвоена едногласно на 40-тиот конгрес на ALDE (Европската Алијанса на либерали и демократи) во Атина, се вели во соопштението од либерално демократската партија.

Учеството на конгресот на ALDE, претседателот на Либерално демократската партија (ЛДП) и министер за локална самоуправа, Горан Милевски со делегацијата на ЛДП целосно му го посветија на лобирање за откочување на евроинтеграциските процеси на земјата. Разговорите со врвни политичари политичари и високи функционери беа искористено за презентација на итна резолуција во која јасно се потенцираат македонските барања да се промени одлуката на ЕУ за добивање веднаш датум за преговори.

„ALDE се залага за проширување на Европската Унија, а резолуцијата ја разгледаа околу 800 делегати, вклучително и премиери, европски комесари, носители на одлуки, делегати и индивидуални членови на ALDE од цела Европа“, вели Горан Милевски.

Итната резолуција ја поднесоа ЛДП заедно со повеќе од 10 сестрински партии од регионот и ЕУ.

Според Милевски оваа резолуција јасно наведува дека Македонија предничи во исполнувањео на условите и мора да биде индивидуално третирана за своите успеси. Регионот мора да се движи напред, за што во резолуцијата се потсетува Европската Унија на Солунската агенда од 2003 година која го потврдува идното полноправно членство во ЕУ на земјите од регионот.

„Заклучно со Резолуцијата за поздравување се напорите на коалициската влада во Скопје за градење на слободно и демократско општество по долгогодишно демократско стагнација и авторитаризам, напредокот постигнат од нашата држава, како што е наведено во Извештајот за напредокот на Европската комисија од мај 2019 година, Дискусиите и заклучоците на Европскиот парламент, како и парламентите на Германија и Холандија во врска со започнувањето на разговорите за пристапување во ЕУ“, објаснува Милевски.

Според резолуцијата, Македонија е единствената земја на Западен Балкан која има меѓународно ограничени граници и нема отворени проблеми со соседите и во процесот на пристапување во ЕУ, што е посебен успех.

Во резолуцијата се искажува несогласување и длабоко жалење што на нашата држава не и беше одобрен почеток на разговорите за пристапување на состанокот на Советот на ЕУ на 18-ти октомври 2019 година.

На конгресот Милевски имаше средба со премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, како и со останати партиски соработници од Европа со кои дискутираa за итната резолуција, идните планови и за престојните избори и поддршката од нивна страна за нашата држава.

„Иднината на нашата држава е во Европската Унија и тоа на сите ни е јасно. Мора да ги убедиме нашите европски пријатели дека поставувањето на пречки на тој пат може да има негативни последици како за нас така и за целиот регион“ истакна Милевски.

На почеток