Македонија

Уште два дена сонце па следува посвежо време и дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од -1 до 7, а дневната од 22 до 29 степени. Во Скопје пак слично време со максимална температура до 26 степени.

И утре и задутре ќе имаме сончево и топло време со температури од 20 до 27 степени, а од среда ќе имаме посвежо време, со мала до умерена облачност, а во текот на ноќта ќе има локален дожд.

 

На почеток