Свет

„Боинг“ итно приземји 50 авиони ширум светот поради сериозни безбедносни грешки

Околу 50 авиони во светот се приземјени откако Боинг откри дека делот во близина на крилото кај моделите 737-НГ, може да биде полежно на пукање, јавува Би-Би-Си.

Највисокото раководство на команијата призна дека се направени сериозни грешки во врска во безбедноста. Се е откриено за време на сведочењето на Денис Мујленберг, кој е директор на американската авио-компанија, а пред парламентарниот одбор на САД во средата. Тој истакнал дека компанијата направила сериозни грешки во врска со клучниот безбедносен систем познат како MCAS.

-Јас сум одговорен. Две несреќи се случија за време на мојот мандат. Се чувствувам одговорно, истакнал директорот.

фото: DW

На почеток