Актуелно

Facebook има ново лого

Фејсбук денеска го претстави новото лого на компанијата, чии делови се и Инстаграм и Уатсап. „Денеска го променивме нашето корпоративно лого, за да се направат позабележителни разликите во производите на Facebook. Го презентираме новото лого на компанијата и допплниетлно ја одделуваме компанијата Facebook од апликацијата Facebook која ќе го задржи својот дизјан“, се наведува во соопштението.

Според информацијата, во новото лого името на компанијата е целосно испишано со големи букви, а фонтот е специјално создаден за Facebook. Корпоративното лого на социјалната мрежа, пак, ќе биде испишано исклучиво со мали букви.

На почеток