пон. Дек 9th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ВИДЕО) Веренички прстен од човечки нокти

Маж од Јапонија цела година ги собирал ноктите кои ги сечел од своите прсти, за од нив да изработи веренички прстен. Целата постапка од изработката на прстенот ја објави на видеоснимка на YouTube каналот Kiwami Japan.

„Никогаш не сум бил толку згаден и воодушевен во исто време“, „Не можам да се одлучам дали овие се моите најдобри и најужасни 17 минунти од животот“, „Зошто да потрошиш илјадници долари на дијамантски прстен, кога можеш да направиш нешто вака магично“, се само некои од коментарите кои гледачите ги оставија на снимката.

Откако собрал доволна количина нокти, ги сомлел во блендер. После обработката на прашкастата супстанца добиена од ноктите, истата ја ставил во рерна 90 минути. Ноктите се претворија во црна леплива материја слична на глина.

Потоа смесата ја оформил во форма на дијамант кој го сместил во сребрен прстен кој сам го изработил.

фото: The Sun

 

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com