Македонија

Владата одобри купувањето на простории во седиштето на НАТО

На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за купување и адаптација на деловен простор во седиштето на НАТО во Брисел за потребите на Мисијата на Република Северна Македонија при НАТО со Предлог-одлука за купување со непосредна спогодба на недвижни ствари.

Висината на финансиските средства за оваа намена, за купувањето на 996,37м2  (878,10м2 нето) на административните простории, за паркингот и за реализација на градежните работи на адаптација, изнесува 2.872.255 евра.

На почеток