сре. Ное 20th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

ООУ „Димитар Македонски“ победник на 35-тиот противпожарен квиз-натпревар

Општинскиот противпожарен сојуз – Аеродром организираше квиз-натпревар по противпожарна заштита за учениците од основните училишта од Општина Аеродром.

Победник на годинешниот 35-ти натпревар што се одржа во ООУ „Лазо Ангеловски“ е екипата од основното училиште „Димитар Македонски“, која ќе учествува на регионалниот квиз во организација на Противпожарниот сојуз на Град Скопје.

На натпреварот, исто така, беа доделени и награди за ликовни и литературни творби со мотиви за заштита од пожари. За најдобра ликовна творба беше прогласен цртежот на Вероника Митреска од 7-а одделение од ООУ „Димитар Македонски“, а наградата за најдобра литературна творба отиде во рацете на ученикот Димитар Јованов од 7-2 одделение од ООУ „Блаже Конески“.

Традиционалниот квиз-натпревар претставува една од најважните форми за едукација на младите за заштита од пожари.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close