Македонија

Груевски избегал за да не оди во затвор?

Властите не можат да го најдат Никола Груевски ?

Дали Никола Груевски е достапен за властите и каде е во текот на целиот денешен ден ? Ова прашање кружи меѓу новинарите кои цел ден не се во можност да стапат во контакт со екс премиерот кој последен пат на апликациите Вибер, Ватсап и Телеграм бил вклучен вчера во 22 часот и 31 минута.

Од тогаш тој е исклучен , а не е достапен ни на повици на мобилниот број со кој претходно комуницираше.

Денес судот донесе конечна одлука дека Никола Груевски мора да оди во затвор по пресудата за случајот „Тенк“ од како претходно се исцрпија сите можности за одлагање на отслужувањето на казната од 2 години.

Груевски се покажа како добро информиран и во неколку наврати јавно ги предвиде постапките на судот и пресудата.

Неговото интернет исчезнување од синоќа го отвора прашањето дали тој знаел денес каква одлука ќе донесе судот и дали можеби презел некакви чекори претходно ?

ГРУЕВСКИ ДЕНЕС НЕ СЕ ЈАВИЛ ВО СУДОТ ? !

Никола Груевски нема пасош, бидејќи истиот му е одземен како мерка за обезбедување. Тој секој петок мора да се јавува во судот, за да го потврди своето присуство во земјава. Денес никој во судот не можел да потврди дали Груевски дошол да се пријави.

НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ СЕ КОМЕНТИРА ДЕКА ИЗБЕГАЛ

На социјалните мрежи веќе кружат постови дека Груевски избегал од земајта, а државата се споредува со Турска серија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток