сре. Ное 20th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Јовановиќ ја нападна Нина Групер: Само мене ми се чини дека министерката бега од дебата?

ФБ статус на Бранимир Јовановиќ:

Ја виде некој Министерката за финансии на некоја дебата за рамниов данок? Ја виде некој таа анализа која наводно ја направиле за ефектите од прогресивниот? Или сè остана на оној еден слајд од пресот?

А, ви текнува како изјавуваше пред неполн месец дека секоја законска измена ќе биде објавена 6 месеци однапред, за да не креира правна несигурност и за да има доволно време за дебата?

И, ви текнува како ние го воведувавме прогресивниот данок лани? Дека уште веднаш објавивме целосна анализа за потребата, причините и ефектите од прогресивниот данок. Дека бевме на сите дебати на кои нè поканија, некогаш и на две во еден ден. Дека имавме секојдневни средби со сите засегнати страни. Дека објавувавме инфографици, видеа, и слични информативни материјали…

Само мене ми се чини дека Министерката бега од дебата? Само мене ми наликува ова на избрзано, нетранспарентно, неаргументирано, па дури и насилничко носење закони? Само мене ми наликува ова на нешто што го правеше еден режим порано?

 

Ја виде некој Министерката за финансии на некоја дебата за рамниов данок? Ја виде некој таа анализа која наводно ја…

Geplaatst door Branimir Jovanovic op Donderdag 7 november 2019

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close