Актуелно

(ВИДЕО) Кучињата на Охридскиот плоштад отруени со „Ланате“, високо токсичен отров кој е во строга продажба

ФБ статус на Климент Арнаудов по труењето на кучиња на плоштадот во Охрид…

 

Денес на сред плоштад во Охрид се десија труежи. Затруени начекавме три душиња. Менда, Слонче и едно друго мечуле на кое уште именце не му имаме дадено. Менда успеавме да ја спасиме (таа на првото, второто и последното видео) и ја сместивме на импровизирано местенце дур се опорави целосно, Слонче не издржа иако интервенираа ветеринари, а ова последното мечуле малку беше затруено (изгледа не каснало многу од подметнатата храна со отров) и навреме спречивме проширување на дејството на отровот. Двеве душиња втор живот ќе тераат благодарение на брзата интервенција на нас активистите, на ветеринарите Јане, Оливер и Ристе, и на вработените во околните кафе барови кои несебично ни помагаа и асистираа.

Ветеринарите констатираа дека станува збор за Ланате, високо токсичен отров кој е во строга продажба и огромна е процедурата за да можеш да го набавиш, но ете некој успеал. Беше повикана полиција на терен и крим техника, направен е записник и ветена е сериозна истрага и проверка на камерите, а за сето тоа притисна и самиот заменик градоначалник кој го повикав на лице место да го сведочи овој хорор над кој згрозени останаа мноштво граѓани и туристи, кои и снимаа и сликаа па можете да видете каква слика тоа ќе остави за градов затоа што на бездушници им е дозволено да чинеат монструозности и отрови да си продаваат. Дадовме и изјави за локален медиум, кои дојдоа на лице место и го снимаа овој хорор. Дефинитвно е крајно време за заострување на мерките и чекорите на нашето дејствување, но и на оние неколкумина совесни и професионални лица ширум институциите, ќе биде ептен дрско ако речеме дека ги нема такви. Воедно, нудам апел за некој да ја вдоми Менда, стерилизирана е, исто како и Слонче која беше и која веќе имаше потенцијален вдомувач во Холандија, но не ја дочека својта среќа. А се нуди и награда од 500 евра за оној што ќе посведочи во полиција (заедно со наша поддршка) за тоа кој “јунак” го расфрлал отровот. Редно време е некој да окапа во затвор и да биде поука за некои идни “јунаци” да го стават прстот на глава штом моралот и совеста во нив затаиле и се оддале на шепотот на демоните.
Слонче мило ќе ни недостигаш, толку кротко беше и милно, чаршијата без тебе ќе ни биде попразна.
Боже Господе, се молам час поскоро да се вразумат ваквите опеколени души и да се покаат за сторените грозоморија и убиства, оти со овие и вакви недела патот кон својот пекол си го поплочуваат.

https://www.facebook.com/kliment.arnaudov.3/posts/10214703340607306

На почеток