Свет

Студент загина на протестите во Хонг Конг

Студент од Универзитетот во Хонг Конг, Чау Тс-Лок, кој падна од гаража откако полицијата фрли солзавец за време на судирите со антивладините демонстранти, почина рано утрово.  Дваесет и двегодишниот студент починал од повреди здобиени во понеделникот. Околностите под кои е повреден се уште не се јасни, но властите веруваат дека паднал од третиот на вториот спрат на паркингот, кога полицијата ги растерувала демонстрантите.

Се очекува дека неговата смрт ќе предизвика протести на бес и огорченост против полицијата, во време кога градот е зафатен од најтешката политичка криза во изминатите десетина години.

На почеток