сре. Ное 20th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Крах на системот за документирање во Агенцијата за Разузнавање?

Вработените во Агенцијата за Разузнавање со денови не можат да работат поради пад на системот „Докјушер“ – дознава „Инфомакс“. Системот не работи од минатата недела, а според најавите нема ниту изгледи дека ќе биде ставен во функција до крајот и на оваа работна недела.

Не се примаат ни најосновни писма и пратки од други институции или странки поради неможноста да се заведат, дознава Инфомакс. Официјалното соопштение е дека се прави „бекап“ на системот, но изворите на „Инфомакс“ објаснуваат дека се работи за неможност за одржување на системот поради немање на соодветни ИТ инженери кои поради лошо менаџирање и демотивираност неодамна ја напуштиле АР, а веќе има најави и за нови откази.

Текстот во целост на: Инфомакс.мк 

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close