сре. Ное 20th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Охриѓанката Нина Неданоска именувана за Претседател на Управниот одбор на Охридска банка

По купувањето на Охридска банка од страна на Шпаркасе Групацијата, веројатно и очекувано беше да се случат првите промени во раководните тела на оваа банка.

Својата оставка ја поднесе Бранка Павловиќ, досегашен Претседател на Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје, поднесе оставка од функцијата. Таа е кадар на француската банкарска групација Сосиете Женерал и веројатно ќе биде поставена на нова функција во рамките на групацијата.

Со одлука на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје, за нов Претседател на Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје е именувана Г-ѓа Нина Неданоска, досегашен член на Управниот одбор на банката.

Наведената измена во Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје стапува во сила на од денес 07.11.2019 година.

По промените, Управниот одбор на Охридска банка го сочинуваат двајца членови, Нина Неданоска и Никола Миткоски.

извор:bankarstvo.mk

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close