Премиерот Зоран Заев до Собранието доставил предлог за нов заменик-министер за здравство на местото на Асим Муса кој си даде оставка откако медиумите во Албанија објавија видео дека зема мито. Заев предлогот го достави во Собранието. За заменик-министер за здравство е предложен Арменд Арслани, доктор по општа медицина и специјалист по урологија.
Претходниот министер за здравство поднесе оставка откако новинари објавија видео со кое посочија дека заменикот бара мито за да направи операција на пациент. Оставката на Асим Муса, исто така, е во собраниска процедура.