сре. Ное 20th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Хемикалија се излеала од цистерна од Охис

Две возила на армијата пристигнаа во фабриката „Охис“ откако беше пријавено дека високотоксична материја се излеала од една од цистерните.

Според информациите на Сител, токсична материја метил акрилат се излеала внатре во фабриката при чистење на контејнер. Хемикалијата не е запаллива но, може да предизвка гушење и штипење на очите.

Инцидентот се случил попладнево во фабриката „Охис“при преточување на цистерна неконтролирано почнала да истекува токсичната материја.

За хаваријата е известена полицијата која прави координација со сите институции кои имаат соодветна опрема за да се справат со хавријата. Се организира која екипа има сооодветна опрема за да може безбедно да интеренира. Засега нема информации дали ќе се врши евакуација на локалното население.

 

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close