Документот што ќе ви го претставиме денес е доказ за манипулација. Иако во јавниот оглас за вработување во Специјализираната болница „13 Ноември“ се вели дека вработените треба да бидат Албанци и Роми, во одлуката на истата болница за примените кандидати стојат имиња од македонска националност. Ние како Алијанса за Албанците разбираме дека
ова е метод што го користи оваа влада за манипулирање со бројките на албанските вработени, како и на другите националности, затоа што тие лесно излегуваат утре и велат дека во болницата или каде било друго, има вработени Албанци и Роми, бидејќи во одлуката така и пишува. Томислав Јанкуловски, Албанец и Влатко Калчиноски, Ром, реагира Алијансата за Албанците.
Споменатиот „Балансер“ е електронска алатка, така што го внесува бројот на албански вработени, а не нивните имиња и презимиња за да се идентификува дали се навистина Албанци или не. Оваа методологија позната како балансер e создадена од претходната влада на ВМРО-ДУИ, со идејата да се зачува застапеноста на Албанците во државната и јавната администрација, но всушност балансерот е пречка за зголемување на бројот на Албанците во администрацијата.
Балансерот е практично механизам за одржување на статус кво и дискриминаторската позиција во јавната и државната администрација.Ние како Алијанса за Албанците остро реагираме на ваквите манипулации и бараме одговорност за овој и за сите други случаи на ваква манипулација.
Од ова се сомневаме во која било шифра што го покажува бројот на албански вработени на државно ниво затоа што сметаме дека е невистинита, и врз основа на овој документ е едноставно наредна манипулација на оваа влада.
Алијанса за Албанците, го третира овој проблем и во изборната програма за изборите на 12 април и очекуваме во следниот парламентарен состав да иницираме измена на законот за државни службеници со кој ќе се укине оваа методологија позната како балансер. Затоа што сметаме дека тоа е дискриминаторски метод за Албанците.
Го потсетуваме министерот Манчевски дека точно во неговото министерство репрезентацијата на Албанците е под 20%, реагира Алијансата за Албанците.