сре. Ное 20th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Собрана контамираната вода кај „Охис“ состојбата ставена под контрола

Излеаната отпадна вода од „Охис“ е собрана откако инспекторите на Град Скопје, Државниот инспекторат за животна средина и екипа на МВР во текот на денот извршиле увид во кругот на „Охис“, каде се случи излевање на вода употребена за чистење на цистерна во која бил складиран метил акрилат мономер.

Министерството за животна средина и просторно планирање, во согласност со последните информации добиени од надлежните инспекциски служби, информира дека состојбата е целосно под контрола и дека нема место за паника.

– Излевањето вода при миењето празна цистерна поради пукање вентил се случило во бетонска када, чија функција е безбедносна токму при вакви случаи. Во моментот излеаната течност е целосно собрана, а кадата е покриена со струганици за да се соберат евентуалните остатоци од течноста. Струганиците ќе бидат собрани во текот на утрешниот ден и соодветно безбедно отстранети во специјални буриња за таква намена. Надзорот на локацијата ќе продолжи и утре – се наведува во соопштението.

Случајот со излевањето на цистерната од „Охис“ во МВР го пријавиле граѓани кои од миризбата почувствувале главоболки, печење во грлото и во очите.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close