сре. Ное 20th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Предлогот за една изборна единица ќе влезе во собраниска процедура и без консензус

16 пратеници ставија потпис на иницијатива за една изборна единица. Паралално, поднедоа уште еден предлог-отворени листи на локалните избори.

Лиле Поповска од ДОМ кој е предводник на оваа иницијатива рече дека имаат поддршка од повеќе од 61 глас во Собранието колку  што е потребно за усвојување на измените иако го немаат целосниот консензус. Вели дека во обид да добијат уште поголема поддршка разговарале и со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кои се против една изборна единица.

Од ВМРО-ДПМНЕ и натаму остануваат на нивниот став за мнозински модел. Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски вели дека како држава не сме подготвени за избори со една изборна единица.

Од СДСМ велат дека предлогот кој го доставиле помалите партии во Собранието се уште не го виделе, но во суштина нивното залагање е да се оди со една изборна единица.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close