Македонија

Појачани контроли на МВР а пијани возачи се повеќе

Во периодот од 22.00 часот на 08.11.2019 до 04.00 часот на 09.11.2019 Одделенијата за безбедност на патниот сообраќај во сите Сектори за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Министерството за внатрешни работи спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол.

Притоа, кај 214 возачи утврдено е присуство на алкохол и сите биле исклучени од сообраќај и соодветно санкционирани, а на 193 од нив им биле одземени возачките дозволи.

Најмногу возачи кои управувале возила под дејство на алкохол биле откриени на територијата на СВР Скопје – 46, СВР Битола – 31, СВР Струмица – 27, на подрачјето на СВР Куманово – 26, на СВР Тетово – 20, на СВР Велес – 19, СВР Штип – 17, СВР Охрид – 12, а 16 биле откриени од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Откриени се и 147 останати прекршоци за што се изречени соодветни казни.

 

На почеток