Македонија

На автопатот Куманово – с.Табановце, полицијата затекнала шест мигранти

На 08.11.2019 во 07.45 часот на автопатот Куманово – с.Табановце, во близина на обиколницата, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот забележале сопрено возило „фолксваген комби“, со скопски регистарски ознаки, од кое излегувале патници. Полициски службеници при преглед утврдиле дека станува збор за шест  мигранти, од кои тројца од Пакистан, двајца од Авганистан и еден од Иран, кои биле приведени и предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На почеток