Некатегоризирани

На Ангеловска не и се зборува за „чудните“ бројки во драфтот на Буџетот до кој дојде Алсат

Министерката за финансии Нина Ангеловска не даде конкретен одговор на прашањето на Алсат, по кој основ на ПИОМ му се одобрени  речиси 65 милиони евра за до година, иако оттаму побарале само 17,8 милиони евра. Ангеловска избегна да одговори дали со парите ќе се покрива дупката во фондот и со тоа под знак прашалник ќе биде доведена најавената пензиска реформа.  Таа тврди дека државата ќе вложува во човечки капитал а социјалните мерки предвидени за наредната година ќе се реализираат.

„Во однос на вашето прашање за ПИОМ, за оваа мерка за субвенционирање на придонесите од платите е системски многу добри скроена. Директно, оние компании кои што ќе ги зголемат платите, средствата ќе се влеат во пензискиот и здравствениот фонд, за сметка на лицето кое што му е зголемена платата. Ова значи дека зборуваме за една одржлива и системска мерка, која не само што ќе помогне на компаниите туку индиректно тоа значи и инвестирање во човечки капитал, бидејќи ќе им помогне на компаниите да ги зголемат платите а со тоа да ги мотивираат работниците и да ги задржат, што денес тоа  е многу тешко “, Астакна Ангеловска на прашањето од АЛСАТ.

Текстот во целост на: Алсат.мк

 

На почеток