Свет

(ВИДЕО) Циклонот во Индија и Бангладеш прави пустош, загинати, повредени, евакуирани …

Најмалку шест лица загинаа во циклонот Булбул, кој ноќеска ги ги погоди крајбрежните области во источна Индија и јужен Бангладеш. Поради невремето, стотици илјади луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови,  пренесе Ројтерс. Околу 30 лица се повредени, а околу 6.000 домови делумно или целосно се уништени.

Два рибарски чамци сè уште не се вратиле и семејствата на рибарите не се во можност да контактираат со нив, информираа властите во областа Болха.

Околу 2 милиони луѓе во Бангладеш во саботата навечер од крајбрежните области се повлекоа во 5558 засолништа, бидејќи ветрот бил со брзина од 100 до 120 километри на час. Ветерот сега се смири, движејќи се од 70 до 80 километри на час.

 

фото:  Livemint

 

На почеток