сре. Дек 11th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ВИДЕО) Како преку ноќта ни се „пере“ мозокот

Можеби не сте знаеле, но нашиот организам секоја ноќ го чисти нашиот мозок. Неуронаучниците направиле фантастично видео на кое се гледа пулсирачкото чистење на нашиот мозочен апарат, пишува Science Alert.

Според најновите истражувања, бранови на цереброспинална течност течат низ нашите мозоци ноќе, пулсирајќи ритмички додека спиеме и отстранувајќи ги штетните токсини.
Цереброспиналната течност го исполнува просторот околу мозокот и ‘рбетниот мозок и ги штити од директен контакт со черепот околу мозокот.
„Знаевме веќе некое време дека има необични бранови на електрична активност кај невроните. Сепак,дури сега забележавме бранови во цереброспиналната течност“, рекла невронаучничката Лора Луси од Бостонскиот универзитет.

видео: Boston University

 

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com