Свет

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска, ветар од над 140 километри на час, носи се пред себе

Невреме ја погоди Хрватска, а островите беа отсечени. Пожарникарите интервенираат поради паднати стебла на сообраќајници во градот Дубровник и околината. Во Дубровник брзината на ветрот достигна 143 километри на час.

На Јадранската магистрала можни се одрони, па возачите се предупредуваат да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот.

Слично невреме го погоди и Сплит, каде ветрот корне дрвја и поместува контејнери. Од бурата падна и фасадата на едно сплитско училиште, пренесува хрватскиот весник „Јутарњи лист”.

Невремето предизвика проблеми и за населението во подрачјето на Шибеник, каде во одредени подрачја наврнаа дури 30 литри дожд на метар квадратен.

Метеоролозите предвидуваат дека слично време ќе се задржи и во текот на ноќта и утрешниот ден.

фото: 24 сата.хр

На почеток