вто. Дек 10th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ВИДЕО) Стравичен пожар го проголта имотот Расел Кроу

Расел Кроу на Твитер објави дека пожарот уништил дел од неговиот прекрасен имот во Нов Јужен Велс. 55-годишниот актер Расел Кроу можел само да гледа како огинот го проголтува австралискиот имот.

Источното крајбрежје на Австралија е во пожар и материјалната штета сè уште не е дефинитивна, а имотот на оскаровецот наиде на удар од пламените јазици.

Актерот објави видео и фотографии од уништената област, а во еден момент се појави хеликоптер над неговиот имот, гаснејќи ги дрвјата во пламен.

– Јас не сум во Австралија. Моето семејство е безбедно, опкружено со пријатели. Пожарот дојде до мојот имот вчера. Моето срце е со сите во долината – напиша Расел вчера на Твитер.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com