Свет

Во Србија пронајдено мртво тело без глава

Мртво тело на маж кое било без глава е пронајдено во Србија во близина на Лесковац, а ја потресе српската јавност и цел регион. Се работи за 41-годишен архитект од Белград кој бил пронајден обезглавен, со главата покрај телото во распаѓање, а според неофицијални податоци, најверојатно се обесил во август по кавга со својата сопруга, но мештаните не веруваат во тоа. Телото било во непристапен терен и скапувало со месеци.

Тој исчезнал на 18. август годинава кога се враќал со сопругата од Грција, по кавга со неа. Тој побарал од неа сама да продолжи со возилото, а тој да размисли малку сам за се.

По два месеци мештанин го пронашол на врвот на брдо, без глава.

Полицијата не го соопштува името на архитектот.

На почеток