Македонија

Се огласи „Макстил“ по несреќата во фабриката

Од челичарницата „Макстил“ го потврдија инцидентот што денеска во раните утрински часови се случи во производниот погон.

Во соопштението од  „Макстил“ се вели:

Утринава во 6:50 часот во погонот Челичарница на Макстил при редовни производни активности, поради откажување на дел од опремата на една од дигалките, дојдено е до прскање на течен челик надвор од казанот.

При тоа се повредени четворица вработени кои се соодветно медицински згрижени. Тројца се полесно повредени и се пуштени дома, додека четвртиот е задржан на дополнителни испитувања и е под лекарски надзор.

Извршен е увид од страна на службата за безбедност и заштита при работа на Макстил и надлежните државни органи и се работи на утврдување на причините, соопштуваат од „Макстил“.

фото: Архива

На почеток