вто. Дек 3rd, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

ГДУ: Почитувана министерка Дескоска, почнувате со истите лажни ветувања, „ЌЕ“, “ЌЕ“, „ЌЕ“

Почитувана министерке за правда, г-ѓа Рената Дескоска, со внимание ги следиме вашите лицемерни ветувања за ветингот, правосудството, обвинителството, извршителите, правдата…  И ништо чудно од ваша страна, избори се ближат, се вели во соопштението од Граѓанско демократската унија ГДУ.

Граѓаните можат да бидат сигурни во едно нешто, вашите празни ветувањата ви се само за предизборна кампања и за изборна програма. Триесет години, две партии се менувате на власт и триесет години само ветувате  дека „ќе“ правите реформи. На последните парламентарни избори,   пред три години, пред да дојдете на власт, вашите клучни пароли и
ветувања со кои дојдовте на власт, беа токму од доменот на правдата, правосудството, обвинителството, извршителите… „нема правда, нема мир“, „живот за сите во Македонија“, „ќе има правда за сите“, ќе направите реизбор на судиите“, „ќе се справите со извршителите кои што тогаш според вас ги ограбиле граѓаните“, „ќе ги отстранувавте
обвинителите што спиеле“, „ЌЕ“, “ЌЕ“, „ЌЕ“…

Почитувани, три години сте на власт, од 2016 до 2019 година, а во пракса ниту реформа, ниту иницијатива за ветените реформи од доменот на
правдата, освен, спасување на криминалци, како што се потврдува секој ден.  Сега повторно, пред веќе закажаните предвремени парламентарни избори, почнувате со истите лажни ветувања, „ЌЕ“, “ЌЕ“, „ЌЕ“… за коишто во изминатите три години откако сте на власт, не направивте апсолутно ништо!

Со кое лице, со кој морал и со која чест, повторно ја барате довербата на граѓаните, со истите „ќе“ ветувања за реформи, кога веќе триесет години ги изневерувате?

Почитувана министерке за правда, „ќе“ имате ли доблест и чест, барем еднаш во вашите децениски министерувања и државнички функции, без помпезни најави и ветувања, да излезете пред граѓаните со сработена работа и процесуирани криминалци, а не само со лажни и лицемерни предизборни ветувања, велат во своето соопштение од ГДУ.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com