Македонија

Министрите на земјите-членки на ЕУ за првпат ќе дебатираат за француските предлози за реформа на методологијата на преговарачкиот процес

Министрите на земјите-членки на ЕУ утрово во Брисел за првпат ќе дебатираат за француските предлози за реформа на методологијата на преговарачкиот процес. Очекувањата се дека резултати може да има напролет, објави Дојче Веле.

Советот за општи работи (ГАК) на ЕУ ќе биде форумот каде за првпат ќе се отвори поширока дебата за францускиот Нон-пејпер (необврзувачки сет на предлози) со кој се предлага измена на начинот на кој новите членки во иднина ќе и пристапуваат на Унијата.
Франција во октомври го блокираше отворањето пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија и бараше најпрво да се реформира методологијата на преговарачкиот процес. Цел месец по ветото, Париз минатата недела до Брисел и до главните градови на земјите-членки испрати сет предлози како ја замислува реформата.

Текстот во целост на: DW.com

На почеток