пон. Дек 9th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Адвокатот на Боки 13: Кога е во хоризонтална положба желудочната киселина се враќаат во дишните патишта, тоа значи дека може да настапи моментална смрт

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, на наменска прес-конференција за јавноста рече дека е загрижен поради здравствената состојба на неговиот клиент, бидејќи 15 дена по препорака на специјалистите, е со нефункционален и задебелен бубрег и има темна мокрача и столица.

-Мојот клиент Бојан Јовановски откако е во притвор досега бил 30 пати на медицински интервенции и сите извештаи на медицинските лица велат дека Јовановски мора да биде итно хоспитализиран. Но затворскиот лекар тоа упорно го одбива, изјави денеска адвокатот Сашо Дуковски.

–Кога е во хоризонтална положба составот во желудникот и желудочната киселина се враќаат во дишните патишта, тоа значи дека кога лежи може да се случи и моментална смрт – рече адвокатот Сашко Дукоски набројувајќи хронолошки како се влошувала здравствената состојба на Боки 13 после, според нив, лекарската грешка при двете интервенции за стеснување на желудникот.

фото: Архива

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com