Актуелно

Загина тракторист во Охридско

На 19.11.2019 околу 13.15 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош било пријавено е дека во атар на охридското село Ливоишта во несреќен случај животот го загубил С.К.(49) од истото село. Полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки било констатирано дека околу 13 часот, додека обработувал нива со трактор, изгубил контрола по што тракторот се превртел. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

фото: Архива

На почеток