Македонија

Лидер: Претепана сопругата на осомничен за нарачател на убиството на Мартин Јанушев

Ана Трајковска, поранешна сопруга на Раде Трајковски кој го сомничат за нарачател на убиство на младиот Мартин Јанушев во 2017 година пред зградата во која живее во Мичурин, деновиве доцна навечер од човек со фантомка и шипка ја нападнал и ја претепал, објави Лидер.

-Едвај успеав целата облеана со крв да побегнам,трчав по улица,тој побегна а јас отидов во полициска станица во автокоманда и пријавив, вели Трајковска.

Ана е мајка на две малолетни деца ,а екс-сопругот Раде ја напуштил државата во 2017 кога се случило убиството.

Извор: Лидер.мк

На почеток