Македонија

Стоилковски: Додека уверуваат дека семејства можат да живеат со 17 илјади денари, Пендаровски вели не би останал ниту за 100 евра повеќе

Доколку не бил претседател ќе заминел од државата – ова е изјава на Претседател на држава. Ова е изјава со која се демаскира сета лага која што двоецот Заев и Пендаровски ја продаваа минатите години, само и само да се дограбат и задржат на власт!

Додека уверуваат дека семејства можат да живеат со 17 илјади денари, Пендаровски вели не би останал ниту за 100 евра повеќе, би заминал и од просечна плата од 24 илјади.      Додека Заев зборува за економски раст, вложувања во човечки капитал, Пендаровски повикува на масовно иселување поголемо од она што се случува на истокот, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека владата лаже дека „блескаме“, оној што е на функција претседател, оценува дека состојбата е неиздржлива до бегање од неа.

ЌЕ враќале од администрацијата во приватниот сектор, а Стево Пендаровски порачува да се борат само и само за работа во администрација.

Никој ја нема понижено државата повеќе од двоецот Заев-Пендаровски. Второто лице на Заев, Стево Пендаровски, вчера буквално им порача на граѓаните- ниту живот ќе видите, ниту работа ќе видите, ниту 500 евра плата ќе ве спасат, ниту младите ќе се вратат. Ниту има повисоки пензии, ниту повисоки плати! Јасно е дека ниту плати растат, ниту пензии растат, ниту има вработување, ниту има инвестиции. Се е сведено на распродажба на корупција и на криминално разграбување. Се од нив е лага, се од нив е измама.

И ова не е изненадување, оваа изјава на Стево Пендаровски е продолжеток на изјавите дека „Чуму ти е идентитет, ако немаш пари“. Пендаровски можеби би избегал, ама постојано е функционер.

Стево Пендаровски, во моментов на функција претседател на држава, ја понижи државата и ги понижи сите оние кои гласале за него.

Командантот на воените сили вчера порача дека би избегал од државата.

Почитувани ниту едно ветување, ниту верба може било кој да има во Зоран Заев, после оваа изјавана Стево Пендаровски.

Стево Пендаровски потврдува дека власта е криминална, дека корупцијата, рекетот цвета, дека правниот систем не функционира, дека Македонија со Заев тоне.

И ваквите пораки не се случајни. Ваквите пораки се само во функција на изборите. Во функција на обесхрабрување, на деморализирање, во функција на заплашување на граѓаните.

Вие, граѓаните, народот, да загубат волја за изборите, да загубат желба за борба за подобро утре, да изгубат интерес за Обновата која што доаѓа.

На оваа смислена девастација на државата и се гледа крајот. Зоран Заев заминува за 39 денови! Оваа девастирачка антидржавна политика заедно ќе ја испратиме на црните страници во историјата на 12ти април. Започнува Обновата, доаѓаат правото и правдата, доаѓаат денови за храбра борба кон подобра иднина, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток