чет. Дек 12th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ВИДЕО) Ѓорчев помага во Драч – Солидарност со Драч. Држете се! Важно е да се помогне во Драч

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ помагаше во Драч. Вели Бев на конференција во Тирана со учесници од целиот Балкан, но ги видивме вестите и веднаш заминавме да помогнеме…

– Солидарност со Драч. Држете се! Важно е да се помогне во Драч. Има загинати и повредени, а штетите се ГОЛЕМИ. Денес бев таму и помогнав колку што можев. Бев на конференција во Тирана со учесници од целиот Балкан, но ги видивме вестите. Слушнавме дека е потребна помош и отидовме во Драч. Растоваривме два камиони со вода, сокови, кутии со храна… Ако треба, ќе учествуваме во расчистувањето на урнатините. Тажна глетка, со човечки трагедии, но и многу луѓе кои сакаа да помогнат, многу добри дела, човечност. На Балканот мора повеќе да си помагаме. Скопје е град на солидарноста. Град изграден од пепелот на земјотресот. Наша обврска е да помагаме, а Македонија е добар сосед, напиша Влатко Ѓорчев на Фејсбук.

Денес во Драч. Бевме брзи и организирани. Луѓето може и треба да си помагаат.

Geplaatst door Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев) op Dinsdag 26 november 2019

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com