Македонија

Фетаи: Износите кој колкава сума ќе добие одредуваше специјалната обвинителка Катица Јанева

Обвинителката Фатиме Фетаи смета дека износите кои ги добивале обвинителите од СЈО биле на ниво на износите кои ги добивале сите специјални обвинители во регионот. Според Фетаи, годишно сумата достигнувала околу 20.000 евра што било помалку од патните трошоци кои ги добиваат пратениците.

Фетаи  рече дека со брзина на светлината институциите работеле да ги испитаат наводите во врска со земените бонуси на специјалните јавни обвинители,  и додаде дека се би било поинаку ако со истата таа брзина институциите би постапувале во текот на сите постапки. Фетаи нагласи дека специјалните јавни обвинители работеле месечно за плата од 1.200 евра која е соодветна на платата која им се дава на лицата на оваа функција каде било во светот.

Таа појасни дека износите кој колкава сума ќе добие ги одредувала специјалната обвинителка Катица Јанева, а тоа било согласно законот за СЈО.

Инаку како што кажа Фетаи за вчерашниот влез на истражителите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во СЈО  не се правел претрес туку само биле побарани документи за исплатите.

фото: Архива

 

 

На почеток