Скопје

(ФОТО) Туарегот со кој избегале напаѓачите од Александар Палас, полицијата го пронајде запален

Возилото „Фолксваген Туарег“, што е пронајдено запалено во близина на Арачиново и со кое избегале напаѓачите кои пукале со огнено оружје вчера во „Александар палас“, било украдено пред 8 месеци.  И табличките на возилото биле украдени од друг автомобил.

Споед официјалната информација на МВР инцидентот се случил во саботата, половина час по полноќ, додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три маскирани лица почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол 11 куршуми кон нив, по што тие заминале. Повредени лица нема.

И двете групи, и оние што престојувале во ресторанот на хотелот и групата што пукала се  познати на полицијата.

фото: Инфомакс

 

На почеток