вто. Дек 10th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Пет жртви во невремето во Франција, загинале и тројца спасувачи со хеликоптер

Во силното невреме што синоќа ја погоди југоисточна Франција, животот го загубија пет лица. Две лица загинаа во надојдена вода и тројца спасувачи загинаа во хеликоптер додека се упатуваа да им помогнат на загрозените, соопштија француските власти.

Несреќата се случила синоќа. Министерството соопшти дека во тек е истрага за несреќата, пренесе Ројтерс.

Францускиот медитерански брег е погоден од обилни врнежи од дожд во последните седум дена, предизвикувајќи поплави коишто го отежнуваат сообраќајот.

фото: Архива

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com