Македонија

Русковска сака Боки 13 да остане во Шутка

Вишото јавно обвинителство не се согласи односно даде негативно мислење на барањето  Бојан Јовановски, осомничен во случајот „Рекет“, да оди во домашен притвор. Оваа информација за „Фокус“ ја потврдија од Обвинителството, од каде што велат дека мислењето до судот било доставено во петокот, објави Фокус.

Имајќи го во предвид негативното мислење од обвинителството, но и барањето на Јовановски, денеска зад затворени врати Апелациониот суд треба да расправа и да донесе одлука.

Од Апелацискиот суд пак за „Фокус“ брифираат дека неизвесно е дали денеска ќе донесат одлука по барањето на одбраната на Боки 13 да биде пуштен во домашен притвор, бидејќи дел од членовите на советот денеска имале редовно судење.

извор: Фокус

На почеток