пон. Дек 9th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Солна киселина истекла од цистерна во кругот на „Металски завод Тито“, Шилегов најави кривична за сопственикот на фирмата

Преку социјалните мрежи јавноста дозна за нов инцидент опасен по животната средина. Како што соопштија инспекторите од Град Скопје , солна киселина синоќа истекла од цистерна. Настанот се случил  во околината на фабриката МЗТ во општина Гази Баба а по реакцијата на надлежните сторителот е најден веднаш.

Инцидентот, како што се наведува е пријавен од општински советник во Гази Баба.

Скопскиот градоначалникот, Петре Шилегов најави дека ќе поднесе кривична пријава за сопственикот на фирмата која го предизвика истекувањето и го повика Јавното обвинителство сериозно да ја свати заштитата на животната средина и побрзо да реагира.

фото: Вечер

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com