вто. Дек 10th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Русија почнува да ја снабдува со гас Кина

Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг официјално го пуштија во употреба еден од најдолгите гасоводи во светот, „Силата на Сибир”, преку кој природен гас од Русија ќе биде доставен до Кина.  Денеска джавната компанија Газпром го отвора гасоводот „Силата на Сибир“ долг 3.000 километри.

Суровините ќе се транспортираат од центрите за производство на гас во Иркутск и Јакутија до руските потрошувачи на Далечниот Исток и ќе се извезуваат во Кина.

Гасоводот долг неколку илјади километри ќе се полни од огромните наоѓалишта на природен гас во Иркутскиот и Јакутскиот регион на Русија. Околу него ќе се изгради капиларна мрежа на гасни инсталации која ќе дојде практично до секој потрошувач на рускиот Далечен Исток и НР Кина.

„Силата на Сибир“ е проект на руски „Гаспром“ и „Кинеската национална нафтена компанија“. Неговата вкупна должина е околу 4000 километри, а преку неговата цевка ќе се транспортираат 61 милијарди кубни метри природен гас, вклучувајќи ги и 38 милијарди кои ќе се извезуваат во НР Кина. Договорот е склучен 30 години, а неговата вкупна вредност е околу 400 милијарди долари. Изградбата на гасоводот траеше повеќе од пет години.

Гасоводот е промовиран како важна компонента во растечкото стратешко партнерство меѓу Русија и Кина.

извор и фото: Russia beyond

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com