пон. Дек 9th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

52 годишна австралијка пронајдена по 12 дена минати во пустина

Тамара Мекбет Рајли (52) е пронајдена во недела вечерта и е префрлена во болница заради дехидрација и изложеност на сонце, соопштила полицијата и додала дека со хеликоптери се трага по нејзините пријатели.

Полицијата жената ја пронашла така што ги следеле трагите од гумите на автомобилот со кој што патувале.

Тамара и пријателите на 19-ти ноември го напуштиле Алис Спрингс, меѓутоа нивниот автомобил се заглавил во коритото од реката југозападно од градот.

Тамара била пронајдена на 1,5 километри северно од автомобилот во близина на извор со вода. Таа на полицајците им кажала дека намерно останала тука за да има вода за пиење и да преживее и веројатно затоа успеала да издржи толку долго.

Како што им открила на полицајците, нејзините пријатели продолжиле да одат 20-тина километри кон автопатот, а со себе имале вода и малку храна. Таа останала до изворот затоа што верувала дека нема да го издржи патот до автопатот на толку високите температури и дека не знаела дали некој воопшто ги бара.

„Кога ме пронајде хеликоптерот мислев дека моите пријатели успеале да стигнат до автопатот“, изјави Мекбет Рајли.

фото: news

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com