вто. Дек 10th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Навремена дијагностика и третман на предијабетес – превенција за развој на дијабетес

Заврши едномесечната кампања на компанијата „Варус“, агент на Мерк, Германија, иЗдружението на лекари по општа – семејна медицина, како дел од глобалната кампања за подигнување на свеста за превенција и контрола на дијабетесот.

Во изминатите месец дена, кампањата која се одвивашена FB и Instagram страницатаЗдравјето приоритет- Аларм за свест и со поддршка на медиумите испрати пораки до пациентите, но и до лекарите за препознавање на предијабетесот, акцентирајќи го фактот дека навремена дијагностика и соодветентретман на предијабетес, му даваат на пациентот можност преку промена на животниот стил и примена на соодветна терапија да го превенира или одложи развојот на дијабетесмелитус тип 2.

„Како дел од нашата стратегија за општествено одговорно делување, ги отворивме FB и Instagram страниците Здравјето приоритет- Аларм за свест како наменски комуникациски канал, преку кој, реализираме кампањи за подигнување на свеста од одредени заболувања. За потсетување, во текот на месец мај, и тогаш во соработка со Здружението на лекари по општа – семејна медицина реализиравме низа активности за подигнување на јавната свест за различните типови на пореметувања на тироидната жлезда. Сите содржини се достапни на страниците и корисниците на овие социјални мрежи можат, во секое време, да ги прочитаат нашите совети за погоре споменатите заболувања“ – истакнуваат од „Варус“.

Во контекст на улогата на општиот-семејниот лекар, Д-р Елизабета Костовска Прилепчанска, Специјалист по семејна медицина и Генерален Секретар на Здружението на лекари по општа медицина – семејна медицинапосочува:

„Улогата на општиот – семејниот доктор е многу значајна во превенцијата, раната дијагноза, а понатаму и правилниот третман и спречувањe на настанувањето на компликациите од ова заболување. Имајќи ја привилегијата да бидеме доктори на целото семејство, имаме информација за семејната предиспозиција, знаеме која трудница имала дијабет во бременоста и токму кај тие пациенти вршиме почести контроли на шеќерот во крвта и соодветно на вредностите превземаме и активности. Во исто време правиме и едукација за здрави животни навики, правилна исхрана, физичка активност од најмалку 150 минути неделно. Превентивните прегледи кај кои при мерењата би биле добиени вредности меѓу 5,6-6,9 ммол/л на гликемијата на гладно, односно меѓу 7,8-11.0 ммол/л на ОГТТ (орален гликоза толерантен тест)  или 5,7-6,4% тромесечен HbA1c, ни овозможуваат да го детектираме предијабетесот. Во оваа фаза доколку се почитуваат насоките на докторот за здрав животен стил и во исклучителни ситуации и со примена на фармакотерапија ( метформин), многу лесно може да се дојде до нормализирање на вредности не само на шеќерот во крвта, туку и на крвниот притисок и телесната тежина и на тој начин пациентот би се заштитил од посериозни последици кои ги носи дијабетот.“

Во рамките на кампањата, „Варус“ беше активно вклучен и во активностите кои ги организираа Сојузот на здруженија на дијабетичари и Здружението на лекари по семејна медицина за одбележување на 14 ноември, Меѓународниот ден за борба против дијабетес, но и дел од акредитираните предавања на тема “Идентификација и третман на предијабетес во превенција на ДМ тип 2“ кои се одржаа во неколку града низ земјата.

За „Варус“

Основана во 1990 година, „Варус“е една од првите приватни копмании за промет на големо со лекови, хемикали, реагенси, лабараториски потрошен материјал, опрема и медицински помагала.Веќе 30 години, компанијата е ексклузивензастапникво РС Македонија за промет и дистрибуција на најстарата хемиско-фармацевтска компанија во светот Merck KgaA, која водена од иновации, активо работи на промоција и развивање на лекови и здравствени концепти, интелигентна и креативна примена на производите и решенијата во корист на луѓето и животната средина. Денес, компанијата „Варус“, освен во РС Македонија е присутна, преку свои филијали, и на пазарите воСрбија, Албанија и Косово.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com