Македонија

Шилегов наметна идеја Божик да се слави на 25 декември, а не на 7 ми јануари

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на прес-конференција по повод новогодишното украсување на главниот град  искористи можност  да ја протне неговата идеја Божик во Македонија да се прославува  според грегоријанскиот, а не според јулијанскиот календар, поточно на 25 декември, а не на 7 ми јануари.

Според него минатата година новогодишната програма не била интересна за граѓаните по Нова Година.

– Минатата година работевме до Божиќ, ако се сеќавате, меѓутоа не беше веќе голем интересот на граѓаните. Некако како да се празни атмосферата околу новогодишните празници. Можеби правото прашање е зошто МПЦ не го смени календарот, па да го правиме Божиќ како цел свет, рече скопскиот градоначалник.

фото: Архива

На почеток