пон. Дек 9th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Од 1 ви јануари нов закон во Русија- само руски апликации за мобилните телефони

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон според кој паметните телефони, компјутерите и паметните телевизори мора да имаат претходно инсталирани руски апликации.

Законот, кој ќе стапи во сила од 1 јули следната година, предизвика незадоволство во јавноста.

Некои компании што продаваат ИТ производи се спротивствија, тврдејќи дека не биле консултирани при изготвувањето на законот.

Властите го претставија законот како средство со кое руските фирми би можеле да бидат конкурентни на странските компании. На мобилните телефони ќе има само домашни апликации, се наведува во објаснувањето на новиот закон.

На пазарот на мобилни телефони во Русија доминираат странски компании како Епл, Самсунг и Хуавеј. Според новиот закон, Владата ќе состави список на руски апликации што ќе треба да се инсталираат на различни уреди.

фото: Архива

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com