пон. Дек 9th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Алфа: Гинекологија синоќа остана без струја, агрегатот не се вклучил, загрозени животите на бебињата во инкубатори?

Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје синоќа останала без струја, јавува ТВ Алфа утрово, откако дошло до прекин на електрична енергија во градската мрежа.

Како причина бил големиот дефект на трафостаницата во Козле кој голем дел од центарот на Скопје го остави без струја, а при тоа не се вклучил агрегатот.

Според извори на телевизијата, во моментот се случувале оперативни зафати, а биле и згрижени бебиња во инкубатор.

Големиот дефект на трафостаницата Козле го остави без струја центарот на Скопје. Струја немаше од Водно до Илинденска.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com