Свет

(ВИДЕО) Антонов“ слета во Белград со четири руски хеликоптери

Спутник објави снимка на која на небото над Белград може да се забележи руски транспортен авион „Ан-124 Руслан“, кој испорачува четири нови хеликоптери. „Антонов“ слета вчера, а во него имало хеликоптери „Ми-35М“ наменети за воздухопловните сили и воздушната одбрана на српските вооружени сили.

Автор на снимката е Урош Митровиќ, кој го снимил моментот на слетување на авионот со регистарски ознаки РА-82038 на аеродромот „Полковник Миленко Павловиќ“ во Батајница, соопшти Спутник.

Русија пред истекот на рокот ги испорачала хеликоптерите за српската војка, коишто треба да ја зајакнат авијацијата во земјата во наредниот период.

https://www.facebook.com/rs.sputniknews/videos/2613022178920059/?v=2613022178920059

фото и видео: Урош Митровиќ

На почеток