Македонија

Драмата на Боки 13 пред крај: Докторите му дале лек за смирување, судењето ќе продолжи

Боки 13 се обиде да направи драма во судот. Кажа дека не му добро, дека  не е свесен, по што брза помош дошла во судот и медицинска екипа му дала лек за смирување.„Не се чувствувам добро, ќе се изразам по мое, а не со лекарски речник, 10 пати повраќав, немам добиено дијагноза за новата терапија што ми е утврдена и утрово ми е многу тешко. Затворскиот доктор пред да дојдеме тука на судење кажа дека не сум во состојба да следам судење, но по мое инсистирање дојдов тука“, рече Јовановски пред судиите.

Судијакта која го води процесот, не го одложи судењето.

На крајот излезе дека боки 13 прави драми и лаже, бидејќи констатацијата на медицинските екипи е спротивна на неговата.

Инаку денеска почна судењето за „рекет“. Како што соопшти Јавното обвинителство, првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“.  Второобвинета Јанева се товари и дека сторило и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

фото: Архива

На почеток