Македонија

Кичеец призна вина за „Рекет“

Третообвинетиот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски-Кичеец, призна вина пред судот. Ова не беше очекувано од страна на останатите странки во постапката. По ова, судијката го раздвои предметот, односно, на Милевски ќе му се суди посебно.

Адвокатите на Катица Јанева и Боки 13 и натаму ќе се борат да докажат невиност на нивните клиенти. Тоа го потврдија и вчера во изјави за неколку медиуми.

Второобвинетата во случајот поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец, беа донесени со полициска придружба од домашен притвор. Јанева во судот дојде со нејзиниот син, кој го следи судењето.

Сите тројца обвинети се товарат за примање награда за противзаконито влијание, а Јанева дополнително за злоупотреба на службената должност, додека Јовановски е обвинет и за перење пари и други приноси од казниво дело. Предметот е распределен кај судечки совет со кој претседава судија Васка Николовска – Масевска.

На почеток